Вети, ќе се соблече гола ако Хрватска го освои мундијалот во Катар

Атрактивната Ивана Кнол даде ветување по триумфот на Хрватска против Бразил, таа ќе се соблече гола доколку „коцкестите“ го освојат мундијалот во Катар.

Ивана Кнол е една од главните атракции на Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка привлекува огромно внимание со оскудните модни комбинации со мотивите на хрватската шаховница.

Таа е подготвена да оди чекор понапред доколку „коцкестите“ забележат уште две победи во Катар и во разговор со медиумите од Германија вети дека ќе се соблече гола.

„Доколку Хрватска го освои мундијалот во Катар, паѓа мојата облека“ – порачала Ивана Кнол.

Хрватска во вторник ќе се бори за ново финале, противник ќе им биде Аргентина предводена од Лео Меси.

 

kurir.mk