Вечерва до 19 часот според УХМР најниска температура од градовите е измерена во Крушево, и тоа 1 степен, додека највисока е измерена во Гевгелија, и тоа 8 степени. Највисока снежна покривка од 50 сантиметри е измерена во Маврово.
Најмногу воден талог до 19 часот вечерва е измерен во Маврово, и тоа 14 литри. На табелата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 19 часот во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР. Исто така на Скијачките центри вечерва имаме минусни температури.