Вечерва снежна идила имаме на повеќе места во Македонија, на Скијачките центри има над половина метар снег!

Вечерва снежниот бран кој зафати повеќе предели од Македонија предизвика на Скијачките центри снежната покривка да надмине половина метар, па така до 19 часот вечерва на Попова Шапка се измерени 55 сантиметри снег, 44 сантиметри во Маврово, 17 сантиметри во Лазарополе, 14 сантиметри во Тетово, и 2 сантиметри на Ѓуриште.

Исто така најмногу дожд во исто време наврна во Охрид, и тоа 20 литри на метар квадратен. Но и во овие делови дождот преминува во снег.

Најниска температура вечерва од градовите е измерена во Тетово, -1 степен, а највисока во до 8 степени во Демир Капија. Секако на Скијачките центри и на планините температурите насекаде се под нулата.

НАПОМЕНА: Снежната покривка вечерва ќе се прошири и зголеми, особено во западните и во источните предели, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk