(ВИДЕО)Дискотеката работеле со фалсификувана лиценца издадена кога министер беше Крешник Бектеши

Дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која утрово во голем пожар загинале 59 лица, работела со фалсификувана лиценца издадена во време кога министер за економија беше Крешник Бектеши од ДУИ, покажуваат првите резултати од истрагата. На фалсификат лиценцата потпишѓана е Размена Чекиќ Дуровиќ, поранешен државен секретар на Министерството за економија, објави МКД.МК.

Дискотеката со години работела во стар објект, сосема несоодветен за таа намена. Порано овој објект бил магацин за теписи.

Oсвен Министерството за економија за издавање на лиценца, во случајов потфрлиле и другите надлежни органи, како на пример локалната самоуправа, државниот пазарен инспекторат, инспекторатот за животна средина, полицијата, противпожарната служба…
Сите овие органи требаше да проверуваат дали овој објект ги исполнува главните безбедносни услови од Правилникот за минимално-техничките услови за вршење на угостителската дејност.

Во дискотеката имало 1.000 гости и само еден излез, прозорец со решетки и еден мал влез-излез. Дискотека е лоцирана меѓу куќи, во тесна уличка без паркинг.

Член 9 од Правилникот за дозвола за угостителски објект ја регулира заштитата од пожар. „Угостителските објекти треба да работат во согласност со прописите за заштита од пожар, според кои во угостителските објекти треба да има апарати и друга опрема за гаснење пожар. Вработениот персонал треба да биде оспособен да ракува соодветно со тие апарати и опрема“.

извор: МКД.МК