Словенечките метеоролози денеска потврдија дека во таа земја, над Илирска Бистрица, е забележан удар од торнадо.
На оваа земја, пак, веќе и се заканува ново невреме, поинтензивно и постудено, кое може да предизвика поројни поплави.
„Забележан е релативно широк вртлог во кој има и многу силни, но мали вртлози со пречник од само неколку метри. За среќа, феноменот траеше само неколку минути“, соопштија од Агенцијата за заштита на животната средина, а пренесува 24ур.
Check this out, a tornado developed over Ilirska Bistrica, #InnerCarniola, #Slovenia earlier.
Look at those small vortices dancing around and the debris being thrown aloft.
📹: Klemen Bergoč#EUwx #severewx
pic.twitter.com/HIdKLXe4Hd— Vortix (@VortixWx) August 1, 2023
Во станицата Кошезе кај Илирска Бистрица најсилниот измерен удар на ветерот бил 107 километри на час, соопшти Агенцијата, а како што објаснуваат за 24h, ветерот во вителот веројатно бил уште посилен.
Порталот Neurje.si објави како дошло до торнадото.
„На формирањето на торнадото влијаеле екстремните кривини на ветрот во пониските слоеви на атмосферата. Покрај ветерот кој дувал од југоисточен, југозападен и западен правец (во повисоките слоеви), влијаел и на самиот развој со релјефот што придонесе за развој на екстремната појава“, се наведува во соопштението.
Но, Словенија веќе оваа недела е под напад на нови временски непогоди.
„Во четврток и петок низ нашите региони и околината ќе помине многу изразен студен фронт, кој секако ќе биде поинтензивен од вчерашниот. Од запад ќе продолжи да пристигнува топол и влажен воздух над нашите региони, а од северозапад , студена воздушна маса, па може да очекуваме развој на невреме кое на места може да има и засилен карактер. Од ноќта кон четврток до сабота претпладне на места ќе има пообилни врнежи, водостоите на реките може да се покачат , а на некои места и поројни поплави би можеле да предизвикаат проблеми. Температурите на воздухот во остатокот од неделата ќе бидат сè освен лето“, јавува Neurje.si.