(ВИДЕО) Автобуска несреќа во Костарика, најмалку девет мртви

Во автобуска несреќа предизвикана од обилните дождови во Костарика синоќа загинале најмалку девет лица, соопштија властите, пренесува Ројтерс.

Обилните дождови ширум земјата предизвикаа лизгање на земјиштето во близина на градот Камбронеро, на 70 километри од главниот град Сан Хозе.

Пожарникарите и Црвениот крст на земјата објавија дека загинале најмалку девет лица. Властите се обидуваа да пронајдат и исчезнати лица, за кои претседателството соопшти дека се најмалку 30.

Стотици семејства мораа да бидат евакуирани поради големите штети предизвикани од обилните дождови, се додава во соопштението.

https://twitter.com/i/status/1571395904950898691

Интензивните врнежи се очекува да продолжат во крајбрежните области, објави во неделата Националниот метеоролошки институт на Твитер.

 

slobodenpecat.mk