(ВИДЕО) Автобус со германски регистарски таблички излета од автопатот Белград-Ниш, пет лица се пренесени во болница

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на автопатот Белград-Ниш кај Алексинац, кога автобус со германски регистарски таблички излетал од патот и се превртел.

Во несреќата пет лица се повредени, а животот на една 20 годишна девојка е во опасност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

– Пациентот А.С. (20) има тешки повреди на градниот кош, потколениците и стапалата, повреди на левата бутна коска и главата. Со оглед на тоа дека поради тежината на повредите и бил во опасност животот, веднаш по дијагнозата била пренесена во операционата сала на Ургентниот центар. По неколкучасовна операција во која учествуваше мултидисциплинарен тим од лекари и персонал на УКЦ, таа утрово е сместена на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија. Таа е во тешка, животно загрозувачка состојба – соопштија од нишката болница.

На страната на Инстаграм 192_rs по несреќата се појави видео на кое се гледа како влечна служба го крева со кабли превртениот автобус.