(ВИДЕО) Автомобил влета во толпа во канадскиот град Ванкувер, има загинати

„Повеќе луѓе загинаа“ откако автомобил влета во толпа во канадскиот град Ванкувер , соопшти локалната полиција, а непотврдени извештаи велат дека билансот на загинатите е околу 15. Властите додадоа дека „многу други“ се повредени во инцидент на уличен фестивал во саботата вечерта.

Возачот е приведен. Според непотврдени информации, станува збор за Азиец на околу 20 години.

 

 

4news.mk