Приватно возило утрово удри во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, соопшти полицијата.
Во извештајот на Државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот загинал на самото место .
На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.