Веќе се стемна, но сеуште е во тек спасувачката операција на грчката крајбрежната стража во Посиди, Халкидики, откако тројца млади капачи попладнево исчезнаа во областа.
Како што веќе е објавено еден од нив е најден од крајбрежната стража, а по другите двајца сè уште се трага. Сите тројца се од Северна Македонија, на возраст од 25, 28 и 30 години објави грчката телевизија „Скај“.
Според грчките медиуми тие славеле роденден и кога влегле во морето биле однесени од струјата.
За да ги лоцира, крајбрежната стража користи три брода и хеликоптер на грчката армија.
ВИДЕА ОБЈАВЕНИ ОД ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ
https://www.youtube.com/watch?v=rV1HQjvqzro&feature=emb_imp_woyt