Република Албанија започна со градба на обиколница која ќе поминува околу градот Поградец, со што при влез на градничниот премин Свети Наум нема да треба да се поминува низ селото Тушемиште. Градежна механизација работи на терен и врши проширување на постојниот пат кон преминот кај Свети Наум, кој сега ќе биде проширен и ќе има најмалку три ленти – јави порталот News1.al
Албанија започна со градба на автопат кој треба да го поврзи Елбасан со граничниот премин Ќафасан. Во Македонија градењето патишта трае со децении и не се гледа крајот на процесот.