Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска извршил детекција кај браната „Липа“ во истоименото село во неготинско, откако општина Неготино пријавила состојба на протекување на вода низ браната во нејзиниот долен дел. Ангелов во видео обраќање вели, состојбата била алармантна и постоела опасност од нејзино уривање. Браната била изградена пред педесетина години од страна на земјоделска задруга и практично претставувала дива брана, која со странска помош пред 7 години била реконструирана и тестирана, но сега повторно се дестабилизирала , вели Ангелов.