(ВИДЕО) Бебето од прилепското село Тополчани е најмладиот капач на Водици

Во Македонија, на Богојавление, најмладиот кој “влезе“  во осветените води (сигурно) е бебето од прилепското с. Тополчани. Арсениј е неколкумесечно бебе, кое беше покрстено токму на овој ден, на денот Богојавление, Водици во осветените води на Црна Река, во с.Тополчани, во присуство на голем број верници, кои беа радосни за овој редок христијански чин (бидјеќи, најчесто чинот на  покрстувавање е во црковните храмови ) .

Покрстувањето, во осветените води на Црна Река, го изврши парохискиот свештеник отец Емилијан, чии придонеси, верницие во ова населено место  во Општина Прилеп го вреднуваат како збогатување на духовниот живот.

 

radiopela.mk