лице загинаа
Безбедносни камери од Венеција го регистрираа моментот кога туристички автобус удри во заштитната ограда и излезе од надвозник доцна во вторникот (3 октомври) во областа Местре. Автобусот удрил директно во земја од која бил оддалечен околу 10 метри. Во тие моменти загинале 21 лице, вклучително и неколку деца, додека други 15 се здобиле со повреди.
Петмина Украинци, еден Германец и италијанскиот возач на автобус се меѓу загинатите, изјави во средата венецијанскиот префект Микеле ди Бари, локалниот претставник на Министерството за внатрешни работи. Тој не ја откри националноста на другите жртви.
„Претпоставуваме дека возачот можеби се разболел“, изјави регионалниот претседател на Венето Лука Заја за радиото „Rtl 102.5“.
Автобусот ги превезувал туристите назад до кампот во Маргера по еден ден поминат во Венеција.
VOA