(ВИДЕО) Берлускони на „Тик-ток“ кажа шега за себе, за Путин и за Бајден и Папата

Поранешниот италијански премиер и лидер на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони стана ѕвезда на ТикТок. Берлускони објави ново видео во кое раскажува шега за себе, за претседателите на САД и Русија и за Папата, а видеото беше прегледано повеќе од три милиони пати.

Авион лета преку Атлантикот, а во авионот се Џо Бајден, Владимир Путин, Силвио Берлускони, Папата и неговиот млад помошник. Во еден момент пилотите сфаќаат дека ќе останат без гориво и дека авионот ќе се урне за пет минути.Тогаш дознаваат дека во авионот има само четири падобрани за петте патници. Џо Бајден го фаќа првиот и вели: „Овој е за мене затоа што јас сум најмоќниот човек на Запад“. Владимир Путин зема друг и вели: „Ова е за мене затоа што јас сум најмоќниот човек на Истокот“. Силвио Берлускони чекори и вели: „Овој е за мене затоа што сите знаат дека сум најпаметниот политичар на светот!“

Младиот помошник на Папата се врти кон папата и му го дава преостанатиот падобран. Папата, го отфрла со коментар дека живеел долг и среќен живот и му вели на помошникот да го земе.

На тоа неговиот помошник одговара: „Останаа два падобрана затоа што најпаметниот политичар на светот се фрли со мојот ранец – смеејќи се Берлускони ја заврши својата шега.

видео: ТИК ТОК