(ВИДЕО) Божјо чудо-Црквата Свети Архангел Михаил потопена пред 7 години, иконите стари и по стотици години се недопрени а свеќа стои сеуште исправена под вода

По 8 месеци членовите на Нуркачко-спасувачкиот клуб Борац од Чачак, повторно нурнаа во водите на вештачкото езеро Ровни, поради чие создавање црквата Св.Архангел Михаил во Тубравиќ, позната како „Ваљевска Грачаница“ беше потопен пред 7 години.

Минатиот пат со своите камери снимија интересни кадри од надвор , а сега влегоа внатре и како што велат останаа без зборови од прекрасните глетки што ги видоа. На длабочина од околу 18 метри нашле тишина, температура на водата од околу 5 степени, сончеви зраци кои се пробиваат низ зеленикавата вода и потопено светилиште.

-Овојпат решивме да ја снимиме и внатрешноста на црквата а претходните нуркања беа повеќе истражувања за да се увериме дека тимот е безбеден при влегувањето. Осумнаесет метри под површината има масивна дрвена врата која сеуште има жолтеникава боја , без разлика што долниот дел е во кал, велат од РИНУ, членовите на екипата на нуркачко-спасувачкиот клуб Борац од Чачак.

Како вистински вљубеници во нуркањето , ноќта пред нуркањето секогаш го замилуваат следниот ден, убавините но и предизвиците кои би можеле да ги доживеат.

-Делумно ја очекувавме пронајдената состојба, но јасно видовме дека некои делови како што се ѕидовите , дрвените делови од покривот, се значително оштетени од водата и времето. Сепак иконите кои висат на ѕидовите , стари веројатно неколку стотици години а кои први треба да исчезнат во овој случај се речиси недопрени. Така било и со фигурите на светците на црковните знамиња за литургии.

Сите платна, везови се чини дека се потонати пред неколку часа. Зад иконостасот на олтарот, стои канделабрум со веројатно последната запалена свеќа, исправена , на бела покривка за маса , велат нуркачите.

Иако фасцинирани, тие се трудеа своето присуство да го направат што е можно понезабележително и пократко , за ова богослужение да остане што подолго во својот облик , дури и во зелените длабочини на новото Ровни езеро.

Најстариот запишан запис за постоењето на црквата Св.Архангел Михаил во Тубравиќ е од 16 век кога се споменува во турскиот попис од 1560 година. Според овие податоци во манастирот живееле двакца свештеници.

 

thenewsgo.co