На самитот за иницијативата „Отворен Балкан“ во Охрид, денеска пристигна и европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархељ.
Претходно беше најавено дека Вархељ ќе се обрати на официјалното отворање на самитот преку видеоврска, како и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Официјалниот и работен дел на состанокот на оваа регионална иницијатива почна со обраќања на лидерите од регионот.
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, го презентираа…