ВНИМАНИЕ !
Доколу возите на релација Охрид – Кичево возете крајно внимателно бидејќи работници кои извршуваат работи на автопатот , работат без да им се овозможи НИКАКВА заштите при работа.
Работниците ( како што се гледа на видеото ) стојат на коловозната лента ( која е импровизирана и дефакто не исполнува ни еден стандард да се нарече коловозна лента ) туку е само турен асфалт колку да може да се помине.
Работниците буквално клечат или стојат на колена НА КОЛОВОЗОТ додека работат.
Градбата на автопатот Охрид – Кичево стана вистинска епопеја коај трае веќе 9 години, а на оваа делница за овој период изгинаа десетици, ако не и стотина лушѓе.
СДСМ во бомбите објави десетици разговори во кои поранешниот премиер Никола Груевски договара провизии од кинеските кредитори, но Груевски официјално успеа да избега од државата ( иако јавноста не верува дека избегал без да знае СДСМ ) и сега живее во Будимпешта.
Во меѓувреме властите на СДСМ ги пробија сите рокови за градба на патот и направија неколку анекси и нови задолжувања, што пак кај јавноста креира сомнеж дека некој во оваа Влада го прави истото како избеганиот Груевски и просто кажано прави пари од автопатот.
Во секој случај возете внимателно бидејќи постои ризик да прегазите работници кои само работат таму каде некој им рекол да работат.