Четири младенчиња гепарди се родени во ИНДИЈА, повеќе од 70 години откако овие животни беа официјално прогласени за исчезнати таму, пишува Би-Би-Си.
Индискиот министер за животна средина Бупендер Јадав ја објави веста, нарекувајќи ја „значаен развој“. Земјата со децении се обидува повторно да ги воведе гепардите. Минатата година, како дел од долгорочниот план за повторно воведување на гепарди во таа земја, успеаја да донесат осум гепарди од Намибија. Уште 12 гепарди беа увезени од Јужна Африка минатиот месец.
Congratulations 🇮🇳
A momentous event in our wildlife conservation history during Amrit Kaal!
I am delighted to share that four cubs have been born to one of the cheetahs translocated to India on 17th September 2022, under the visionary leadership of PM Shri @narendramodi ji. pic.twitter.com/a1YXqi7kTt
— Bhupender Yadav (@byadavbjp) March 29, 2023
Четири младенчиња се родени во прибежиштето за диви животни во Националниот парк Куно. Една од женките кои дошле од Намибија ги родила.
„Му честитам на целиот тим на Project Cheetah за нивните неуморни напори да ги вратат гепардите во Индија и за нивните напори да ја исправат еколошката грешка направена во минатото“, напиша министерот за животна средина. Се верува дека младенчињата се родени пред пет дена, но биле забележани од официјални лица во средата, објави Press Trust of India.
Претставник на паркот изјави за новинската агенција дека мајката Сијаја и младенчињата се добри и здрави.
index.hr