Откако не му платиле, градежниот работник Мухамед К. решил да ги скрши стаклата од куќата во која што работел.
Во текот на вчерашниот ден во Печиград кај Велика Кладуша се случил немил настан во кој сопствениците на семејниот дом не сакале да му платат на мајсторот Мухамед К. за градежните работи што тој и неговиот тим ги извршиле за нив.
Пред почетокот на работите, сопственикот на куќата дал аванс за почеток на изградбата. После тоа, како што дознаваат медиумите, сопственикот не им платил ниту еден денар на мајсторите.
Мухамед К. е мајстор градежен работник кој ги издржува семејството, трите деца и работниците со кои работи.
infomax.mk