(ВИДЕО) Големи поплави ги зафатија најпознатите грчки острови

Лошото време пропратено со обилни врнежи и силно невреме ги зафати Кикладите во Грција.

На Парос поплавени се бројни улици, а поројот однесе дури и неколку возила. Противпожарните служби соопштија дека од едно возило биле извлечени две лица и тие сега се пренесени на безбедно.

Засега нема пријави за исчезнати лица.

„Има сериозен проблем на централните патишта. Два часа врнеше силен дожд, што доведе до одрони, потоците се надуваа, состојбата со патиштата се влошува“, изјави градоначалникот на Парос, Костас Бизас.

Тој додаде дека училиштата и градинките се затворени и така ќе останат и утре.

Противпожарните служби соопштија дека еден од нивните хеликоптери не можел да слета на островот и да помогне поради лошите временски услови.

 

4news.mk