Силниот дожд предизвикал лизгање на кал на автопатот БР-376 во градот Гуаратуба, во државата Парана.
Засега не се знае што се случило со 30 лица и тие се водат како исчезнати. Властите веруваат дека под калта има неколку возила. На видеата се гледаат и превртени камиони кои се опасно блиску до работ на патот, пишува Sky News.
Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат зошто властите не го затвориле патот порано, туку дури по одронот. По инцидентот, сообраќајот во областа е во прекин, а пристапот до главното пристаниште за испорака на жито и шеќер е прекинат. Околу 80% од стоките извезени од Паранагва, второто по големина пристаниште во земјата за житарки и шеќер, се испорачуваат со камиони.
Всленскиот партријарх Вартоломеј пред почетокот на великиот пост објави огласително слово на македонски јазик на веб страницата на Всленската патријаршија.…