Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека повеќе од 1.300 луѓе загинале во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во понеделникот во раните утрински часови.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Турција на границата со Сирија, а повеќе од 1.300 луѓе загинаа во Турција и Сирија.
На социјалните мрежи се појавија снимки од гасовод кој гори на југот на Турција. Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез утринава изјави дека земјотресот сериозно ја оштетил енергетската инфраструктура. Некои гасоводи не се далеку од самиот епицентар.
Би-Би-Си ја потврди точноста на видеото снимено во близина на градот Хатај. На него се гледаат запалени гасоводи.
Due to the Earthquake a Gas Pipeline near the City of Kahramanmaraş in Southern Turkey has reportedly Exploded and is burning out of control with Emergency Services completely overwhelmed with Rescue Operations. pic.twitter.com/FnvZ3i1hEp
— OSINTdefender (@sentdefender) February 6, 2023
index.hr