Повеќе граѓани денеска му пристапија на премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши повторно беше во обиколка на маркет. Меѓуостанатите, камерите на новинарите ја снимија и скопјанката која исрено му се пожали дека животот што дојде – е тежок, објави Република.
-Цениве се до плафон. Со два денари поевтини макарони и денар на јајца кои беа 99 денари тоа не е мерка. Дојде тежок животот, не можеме да купиме ниту лекарства со тие пари, му се обрати таа.
Затекнат од ситуацијата во која жената се појави пред него со празна корпа, Ковачевски ја оправда скапотијата со војната во Украина и го искористи моментот да се пофали што неговата Влада направила.
„Незгодно“, а сепак, едноставно прашање за премиерот имаа и новинарите, кои го прашаа, кога веќе доаѓа во маркет, зошто не прошета до училиштата за да види дали има учебници или на Клиники да ги провери дали пацинетите имаат лекови:
Порака имаше и друг граѓанин: