Брижит Макрон и Олена Зеленска се сретнаа срдечно во Париз. Првите дами очигледно делат многу сличен моден стил. Со својот впечатлив изглед покажаа како деловните модни комбинации можат навистина да бидат возбудливи и стилски дотерани. Ако ги прашате Брижит и Олена, деновите на здодевни костуми и одела се минато.
View this post on Instagram
Брижит Макрон во Париз ја прими Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Двете први дами се сретнаа на скалите пред Елисејската палата, а нивната исклучително срдечна средба беше проследена со насмевки, прегратки и држење за рака. Брижит Макрон и Олена Зеленска веќе се сретнаа во Њујорк минатиот септември за време на Генералното собрание на ОН, а сега ова е прва посета на Олена на Франција од почетокот на војната во Украина во февруари минатата година.
Инаку, украинската прва дама е многу активна на социјалните мрежи, каде што ги едуцира своите следбеници за приказните на Украинците погодени од конфликтот. Така таа во март годинава и се заблагодари на Брижит Макрон за нејзината посветеност во олеснувањето на пристигнувањето на младите бегалци во француските болници.
Според зборовите на Олена Зеленска, Брижит Макрон е „меѓу првите што испрати зборови на поддршка. И тоа не беа само зборови, туку и дела, вистинска поддршка од пријателите. Оттогаш, првите дами постојано се во контакт, па срдечноста на нивната средба не изненадува. За време на посетата на Франција, планирано е двете први дами да посетат и едно париско училиште кое прифаќа бегалци.
За време на таа средба и двете дами покажаа многу беспрекорно елегантни комбинации, неодоливо комбинирајќи ја класиката со модерните детали. Така сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон воодушеви со уште една деловна комбинација која вклучуваше здолниште и сако-блуза со црно-бел дезен кој никогаш не излегува од мода. Брижит го освежи класичниот и безвременски сет со златни копчиња на шлицот на здолништето, а класичната јакна ја замени со блуза од истиот материјал украсена со копчиња на рамото. Комбинацијата ја заокружи со темни чорапи и вечните црни чизми до глужд, парче кое често ги комплетира нејзините стајлинзи.
View this post on Instagram
zenskimagazin.mk