(ВИДЕО) Две годишно дете паднало од трети кат од зграда во Нови Пазар – лекарите се борат за неговиот живот

Двегодишно дете под неразјаснети околности паднало од третиот кат од станбена зграда во центарот на Нови Пазар.

Според очевидци, детето по падот давало знаци на живот и итно било пренесено во Општата болница во Нови Пазар, каде лекарите во моментов се борат за неговиот живот, јавува Информер.

Според неофицијални информации, здравствената состојба на детето е критична, а засега не се познати околностите под кои дошло до несреќата.

-Бев во кафулето на приземје од зградата, мислев дека некој фрлил жолта кеса од терасата и почнав да пцујам, но кога го видов детето не можев да поверувам – изјавил за Информер еден од очевидците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Indeks Online (@indeksonline_rs)