На видеото јасно се гледа како оваа Србинка решила да заобиколи – под е-портите на аеродромот Никола Тесла.
На интернет кружи неверојатна снимка од жена која без билет и документи успева да помине низ аеродромот во Белград. Имено, српските медиуми наведуваат дека се работи за српска државјанка од околината на Смедерево која од Франција била депортирана назад во Србија, а таа успеала да стигне се до „портата“ пред да влезе во авионот пред некој да разбере што се случува.
Имено, според новите правила, сите депортирани ги предаваат документите на пилотот на авионот или на членот на екипажот, доколку не се придружувани. По слетувањето, тие потоа ги даваат овие документи на полицијата или на чуварите. Сепак, на видеото кое го објави Нова.рс јасно се гледа како оваа Србинка решила да заобиколи – под е-портите на аеродромот Никола Тесла.