(ВИДЕО) Дрво гореше во центарот на Струга крај Дримот

Безмилосрдно уништување на природата од страна на човекот. Среде бел ден дрво гореше во центарот на Струга , веднаш покрај реката Црн Дрим.

Дали станува збор за фрлен отпушок од цигара па дошло до самозапалување или намерно е запалено, не се знае, но од видеото кое е споделено на социјалните мрежи се гледа како дрвото гори.