(ВИДЕО) Ебру и Џеди судбоносното ,,ДА,, го кажаа на брод по Охридско езеро

Познатата и харизматична турска актерка Ебру Шахин официјално стана охридска снаа. Попладнево таа и нејзиниот избраник, НБА кошаркарот Џеди Осман кој игра  и за  турската кошаркарска репрезентација, а е по потекло од Охрид, Џеди Осман во најтесниот круг на  најблиските ја крунисаа својата љубов.

Пристигнаа со свирење, традиционално свадбено до охридското пристаниште, каде од возилото управувано од Џеди излезе неговата мајка  и татко,  а тој ја отвори вратата кон својата избраничка и полека преку самото пристаниште сите погледи беа вперени кон нив двајца. Преубавата стилска креација која ја носеше Ебру ретко кој го остави рамнодушен, а Џеди беше типичен зет со бело сако и стилски патики кои сега се во мода.

Се упатија кон бродот ,,Кристина,, каде беше резервирано се до беспрекорен аранжман од ,,Импакт груп,, Охрид, а на самиот влез ги пречекаа двете блиски пријателки и познати колешки на Ебру со која заедно глумеа во познатата серија ,,Дива,,.

Големата радост од далеку беше забележителна кај Ебру, како од самиот амбиент во кој се вклопи целата нивна церемонија така и од присутните гости и нејзини фанови кои беа сведоци од целиот настан.

Повеќе од атмосферата погледнете во видеото: