Албанскиот премиер Еди Рама денеска го изненади италијанската премиерка Џорџа Мелони со посебен подарок и песна во чест на нејзиниот 48-ми роденден.
Настанот се случи на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби, каде двајцата лидери присуствуваа.
Рама, познат по својата харизматичност, клекна за да ѝ го подари шaлот, дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија. Во исто време, тој ѝ ја отпеа популарната италијанска роденденска песна „Танти Аугури“ (Среќен роденден).
– Ова е дело на еден италијански дизајнер кој сега создава во Албанија – ѝ објасни Рама додека го даваше подарокот.
И покрај нивните различни политички убедувања, Рама и Мелони се познати по нивната позитивна и професионална соработка, што честопати се забележува во нивните меѓународни средби. Настанот привлече внимание од медиумите низ регионот, кои го истакнаа блискиот однос помеѓу двајцата премиери.