(ВИДЕО) ЕКИПА: Волкановски: Многумина не веруваа во мене, добив удар во око и не гледав во текот на борбата – но победив!

Македонецот Алексндар Волкановски е повторно УФЦ шампион враќајќи го појасот во своја сопственост откако на спектаклот во перолесна категорија славеше по пет рунди борба против Бразилецот Диего Лопез.

Волкановски по борбата беше пресреќен што успеа да се запише во историјата на овој спорт како прв борец кој по 35 години успеал да дојде до појасот во оваа категорија.

„Пресреќен сум што се вратив на овој начин. Никогаш не сум почувствувал толку љубов. Чувствував дека е мое време и сиот овој изминат период им кажував на моите девојки дека ќе им го вратам појасот. Многу луѓе не веруваа во мене, бидејќи се борев за шампионската титула по два порази со нокаут. Но, ете докажав кој сум и на 36 години. Ова е незаборавен момент за мене“ – изјава Волкановски по победата.

Волкановски откри и дека добил силен удар во левото око и призна дека останал без вид, меѓутоа продолжил да се бори до крајот.

„Добив силен удар во окото и го загубив видот. Се обидував да го средам окото и видот се враќаше со тек на време, но можев да гледам заматено. Сепак, можев подобро да проценам ситуација и да се борам со ривалот“ – рече Волкановски.

 

извор:ЕКИПА