(ВИДЕО) Експлозија на мостот на Крим

Предмет за кој се верува дека е резервоар за гориво се запали на мостот на Крим, но пловните сводови на вијадуктот не се оштетени, изјави Олег Крјучков, помошник на лидерот на Крим.

Фотографиите и видеата од социјалните мрежи покажуваат дека дел од мостот се урнал, а на делот од мостот со железничката пруга беснее пожар.

Според прес-службата на Кримската железница, вагон-цистерна се запалил во задниот дел на товарниот воз додека го поминувал Кримскиот мост.

– Се запали резервоарот за гориво во задниот дел на товарниот воз, локомотивата и неколку вагони зад неа се возени до железничката станица во Керч. Постапката за одговор при итни случаи е во тек. Причините за инцидентот се утврдуваат – се наведува во соопштението.

Рускиот антитерористички комитет соопшти дека оштетувањето на мостот е предизвикано од експлозијата на камионот, бидејќи се запалил резервоарот за гориво.

Очевидци велат дека експлозијата се слушнала на километри.

makfax.com