На полуостровот Рејкјанес, локалните власти евакуираа речиси 4.000 жители на градот Гриндавик во последните денови и ја затворија блиската геотермална бања Blue Lagoon, јавува Ројтерс.
Ова е четврта вулканска ерупција на Исланд во последните три години.
Да потсетиме, властите во Исланд пред четири дена предупредија дека веројатноста за вулканска ерупција е “голема” бидејќи во последните неколку часа продолжуваат да се бележат стотици земјотреси.
More on the ground video of the damage in #Grindavík, #Iceland 👀 pic.twitter.com/OXVFJWL24d
— Full Story (@FullStoryPress) November 13, 2023
Исландската метеоролошка канцеларија соопшти дека од полноќ имало “околу 800 земјотреси, повеќето од нив во средината на магмата Сунднук насип на длабочина од околу 3-5 km“.
Сунднук се наоѓа на нешто повеќе од 3 километри североисточно од Гриндавик, град во југозападен Исланд кој беше евакуиран поради вулканска активност, според „ФОКС Ведер“.
Туристите, наводно, побегнале од светски познатата геотермална бања на Исланд, Blue Lagoon, пред повеќе од една недела, откако земјотресите ја потресоа околината, принудувајќи ја бањата привремено да го затвори капењето.