(ВИДЕО) За време на седница се степаа советници во Советот на српската општина Аранѓеловац

Се степаа советници во Советот на српската општина Аранѓеловац за време на седница. На седницата се разговарало на измени и дополни на урбанистичкиот план.

Во тепачката учествуваат синови на пратеникот Зоран Зечевиќ, од движењето Заветник, и Микица Васиќ од друга страна, советник од Српската напредна странка на Александар Вучиќ.

Инаку, според видео снимката ентериерот во салата во која заседава Советот, потсетува на кафеана.

Аранѓеловац е општина во шумадискиот крај во средината на Србија.

 

fokus.mk