Автобусите остануваат тука се до крајно решение на ситуацијата и протестот ќе има неограничен тек, изјави утрово Кемал Муриќ, претставникот на приватниот превозник „Слобода превоз“ во однос на блокадите на приватниците на три клучни крстосници во Скопје. Тој во изјава за Телма истакна дека „Данела треба да ја спроведе полиција или да и се облече бела кошула со ракави кои се врзуваат од позади“.
View this post on Instagram
Муриќ најави дека превозниците размислуваат на блокадите со нив да ги донесат и нивните семејства.
-Закани немаме, но егзистенцијалното прашање е главниот мотив, затоа сме тука. Градоначалничката ако има желба може со еден повик да го реши проблемот, потенцира претставникот на „Слобода превоз“, нагласувајќи дека доколку дојде до договор на исплаќање на барем еден паушал, ќе се тргнат блокадите.
Според него, ваквите протести се поради тоа што не постои друг начин да се сврти вниманието кон нивниот проблем и долгот што го има ЈСП Скопје.
видео: Телма