Денеска извршителката Весна Јакимовска се обиде да го направи истото што им го прави на граѓаните со години… Со закани и дури физички напад сега обиде да избега од вистината, напиша новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук.
Па потоа продолжи во свој стил вршејќи притисоци врз полицијата за да ми се одземат снимените материјали. Им се извинувам однапред на сите официјални лица што ќе мора да го трпат притисокот од различни центри на моќ, но едноставно ќе мора да издржат. Мораат да издржат поради Ергул, Стаменка, Мито, Гоце и сите други семејства на кои што неправедно им е уништен животот. А ќе се запознаете и со многу други случаи во следните денови. Во видеото што ќе го објавиме вечерва за само неколку минути ќе сфатите како функционира извршителката Весна Јакимоска, истакна Салиу.
-Извршителката Весна Јакимоска како по навика посегна по работи кои што не се нејзини, се вели во објавата на PortaliX.
Насилно одзема два микрофони од екипата на Порталикс, микрофоните беа вратени после интервенцијата на полицијата.
За кратко ќе се објави цела сторија…
извор: PortaliX