(ВИДЕО) Инцидент во бугарскиот парламент поради апсењето на Борисов

Пратениците во бугарскиот парламен  се степаа во парламентот на седница, поради синоќешното апсење на претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов. Инцидентот се случи при говор на Георги Свиленски од БСП. Со вонреден одмор страстите ги смири претседателот на Народното собрание Николај Минчев.

https://www.youtube.com/watch?v=na4hg87B9qw

Уште пред да почне со работа Националното собрание, сите пратенички групи се изолираа во своите простории. Се собра целиот министерски совет, без премиерот Кирил Петков, но одбија да коментираат за медиумите.