(ВИДЕО) Калифорнија погодена од голема снежна бура, 120.000 луѓе без струја

Масовни прекини на струја, поплави и затворање на автопати и плажи се пријавени во Калифорнија, бидејќи ретка зимска бура ја зафати американската сојузна држава.

Повеќе од 120.000 луѓе, од кои многумина во областа на Лос Анџелес, останаа без струја по силните ветрови.

Главниот автопат север-југ на западниот брег, Interstate 5, е затворен во планинска област позната како Грејпвајн. Невремето, кое се очекува да слабее, е едно од најсилните што ја погодило државата. Силниот ветер турна дрвја и далноводи.

Сите плажи беа затворени неколку часа во саботата поради удари на гром во округот ЛА, соопштија властите. Имаше извештаи и за приземјување на летови во регионот.

Националната метеоролошка служба (NWS) предупреди на силен дожд и грмотевици над Јужна Калифорнија.

„Како што невремето се движи кон внатрешноста, снегот в недела ќе се движи преку северниот меѓупланински регион кон северна Калифорнија“, соопшти NWS.

kajgana.mk