На „Тик-ток“ осамна видео „Дали ја видовте Кејти Пери во Дубровник?“, на кое се гледа како музичката ѕвезда шета на познатата улица во хрватскиот град.
Видеото го сними и го сподели нејзин фан.
Додека музичката ѕвезда беше на разгледување знаменитости со својот партнер Орландо Блум и со блиските пријатели Џеф Безос и неговата свршеница Лорен, како и пејачот Ашер, околу неа почнаа да се собираат фанови и да ја фотографираат.
„Еј, Кејти“, се слуша како викаат, но пејачката не реагира. Всушност, се чини како да не ужива претерано во вниманието на Страдун.