Видео: Лимузината „Аурус“ на рускиот претседател Владимир Путин експлодираше и се запали во центарот на Москва

Лимузината „Аурус“ на рускиот претседател Владимир Путин експлодираше и се запали во центарот на Москва, недалеку од седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Лубјанка.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види како гори автомобил – Аурус Сенат, чија вредност е околу 320.000 евра, на улицата Сретенка, во непосредна близина на централниот безбедносен комплекс.

По инцидентот, претседателот на Русија наредил итно пребарување на канализацијата во областа и ги пофалил членовите на неговото обезбедување, јавува рускиот опозициски канал „Агентство“.

Засега не се знае кој бил во возилото во моментот на експлозијата, ниту дали воопшто имало некој во автомобилот. Според првите информации, во експлозијата и пожарот нема повредени или жртви.

На фотографиите од местото на настанот се гледа како пожарот од моторот се шири кон внатрешноста на блиндираната лимузина, која припаѓа на Одделот за транспорт на претседателската администрација, кој е задолжен за управување со државниот имот.

Причините за ненадејниот пожар се уште не се утврдени, а Кремљ се уште нема официјално соопштение.

Рускиот претседател Путин инаку,редовно користи руски лимузини од серијата Аурус, а една од нив му подари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун при нивната последна посета.

 

извор: КАНАЛ 5