Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека во Украина нема ниту еден белоруски војник, ниту барем еден белоруски куршум.
-Таму нема ниту еден наш војник. За тоа вчера зборував и со Макрон. Таму нема ниту еден белоруски куршум. На Русија тоа не и е потребно за да ја спроведе специјалната операција која има за цел да се отстрани заканата за народот во Донбас од геноцид на украинските власти – изјави Лукашенко.
Тој сепак, испрати предупредување дека какво било вознемирување на Белорусите во Украина може да ја примора неговата земја да почне специјална операција за нивна заштита, додавајќи дека има забележани случаи на Белоруси во Украина кои се фаќани и малтретирани и претепувани и дека таквите постапки предизвикуваат гнев во Минск.
Истовремено, Лукашенко истакна дека борбите во Украина воопшто не се со интензитет со кој би можеле да бидат.
-Судирот што се случува во Украина не е ништо. Верувајте ми, знам што зборувам. Ако продолжи вака, тогаш ќе биде многу полошо и Зеленски нема да може да се сокрие во ниту еден бункер на светот. Затоа војната мора да биде прекината што поскоро – изјави Лукашенко, кој потоа се исправи и порача дека во Украина воопшто нема војна туку судир.
https://twitter.com/EchoMskNews/status/1497858978776330241?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497858978776330241%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fsvet%2Flukashenko-ova-shto-se-sluchuva-vo-ukraina-ne-e-nishto-veruvajte-mi-za-den-dva-moze-da-bide-mnogu-polosho%2F