(ВИДЕО) Македонка со ќерката со автомобил се враќаат од Украина: Се надевам ќе не пуштат на граница

Македонката Мери Амбросова, која во последните неколку години со семејството живее во Украина, објави видео на социјалната мрежа Инстаграм.

Во видеото, кое е снимено во автомобил, Амбросова раскажува како со ќеркичката патуваат кон граница, со надеж дека ќе ги пуштат да заминат од Украина и да се вратат во Македонија.

Таа вели оти сопругот за сега ќе остане во Украина и тој подоцна ќе се врати во Македонија.