Малиот интелектуалец Македон Димитровски од Тетово денеска преку видео ни одржа лекција за македонската историја.
Македон без грешка ги реди годините и настаните од времето кога се родил големиот војсководец Александар, па станал крал на Македонија во 336 п.н.е.
Потоа Македон ни раскажува и за големиот поход, за освојувањето на Персија итн.
Имено, Македон е попознат во јавноста по својата неверојатна генијалност, а на Македонија досега и донесе два златни и една сребрена медала на натпревари по математика.
Извор: ФБ Vladimir Dimitrovski