(ВИДЕО) Мислела дека младенците ја заборавиле тортата, па блиска пријателка од невестата ја пресекла

ДЕВОЈКА по име Хејли Скинер сподели видео од свадбата на нејзината пријателка Мари Грегсон Мартинез на нејзиниот профил на TikTok, но многумина беа преплашени од она што Хејли го направи на свадбата.

Како што може да се види на видеото, девојката во еден момент си ја пресекла и си ја послужила недопрената свадбена торта, оправдувајќи се дека мислела дека младенците ја заборавиле.

Јас! Гостин на свадба на пријател! Таа ја игнорираше масата за торта и си пресече парче торта мислејќи “О не! Заборавиле да ја послужат”. Сега знам колкава грешка направив. Се мразам себеси!“, напишала Хејли.

Коментаторите сметаат дека нејзиниот потег е непростлив

Видеото собра повеќе од 25 милиони прегледи и многу коментари, а многу корисници напишаа дека „нејзиниот потег е непростлив“.

„Не разбирам како никој не те спречи“, „Ова ме налути“, „Не би продолжила да се дружам со личност која би ми го направила ова“, беа само дел од коментарите.

Сепак, невестата набрзо се огласи и откри дека Хејли сепак добила прошка.

„Официјално ѝ простивме на Хејли и ја научивме на венчален бонтон“, напиша таа и заработи илјадници лајкови за коментарот.

@mediocrehaileyMy apologies to the bride & groom

♬ original sound – mediocrehailey

index.hr