(ВИДЕО) Мицкоски од Вевчани: Ова е прва година кога министерството за култура за жал обезбеди дури нула денари за одржување на ова традиционална манифестација

Добар ден и од мене, овдека денеска сме во Вевчани да ја продолжиме традицијата со Вевчанскиот карневал. Ова е прва година кога министерството за култура за жал обезбеди дури нула денари за одржување на ова традиционална манифестација.

Министерката за некултура ја покажа својата некултура уште еднашка како што тоа го направи напати во изминатиот период. И покажа дека не е министер на сите граѓани, не е министер на сите општини. Така што за првпат еве оваа година Вевчанскиот карневал доби нула денари поддршка од министерството за култура, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

За среќа Општината е тука, градоначалникот и администрацијата кои што со сопствени сили, ова е мала општина знаете вие ограничени ресурси, сепак успева скромно да ја задржи традицијата.

И во име на тоа јас сакам да им честитам бидејќи навистина покажуваат вон сериски напори да се справат со предизвиците кои што не само што ги носат економската и енергетската криза туку и власта во Македонија односно Владата на ДУИ поддржана од СДСМ.

Така што уште еднашка дозволете ми да ги честитам празниците на сите оние кои што ги слават православни христијани нормално Нова година на сите граѓани и да посакам здравје, среќа, успех, многу душевен мир, љубов во оваа година која што следи, која што очекувам да биде година на промени.

извор: ВМРО ДПМНЕ