(ВИДЕО) Младенците го воодушевија регионот со својот танц

Еден пар ги воодушеви социјалните мрежи со видео од нивниот свадбен танц. Не е познато од каде доаѓа оваа заљубена двојка, но со снимка од оро на песната „Isti začići“ ги освоија срцата на Хрватска и на целиот регион.

 

Тие станаа вирални на TikTok, првото видео има над 10 милиони прегледи.

– Па, ова се вика љубов. Сакам вака или воопшто не – е само еден од коментарите.

Watch on TikTok

– Ова е најубавото нешто што сум го видел – напиша еден ентузијастичен корисник на TikTok.

 

– Прекрасни се. Прекрасни младенци – додаде уште еден.

 

– Ова е она за што сонувам… – заклучила една жена.

 

Еден гостин на свадбата сподели и видео од првиот танц на виралната двојка.

24sata.hr