(ВИДЕО) Москва парализирана од снег, откажани десетици летови

„Ова е снежна апокалипса“, порача денес руската државна телевизија со снимки од рекордни наноси повисоки од 30 сантиметри на улиците на Москва, поради што е нарушен патниот сообраќај и откажани се и летовите од тамошните аеродроми.

„Вакви снежни наноси се типични за февруари“, а сега се случуваат во декември, објави метеоролошкиот центар Фобос. „Никогаш во историјата на метеоролошките следења толку високи снежни наноси не се видени на московските улици на 18 декември“, се додава.

Околу 119.000 луѓе и над 12.500 возила го чистат снегот, објавија градските власти. „Ова е снежна апокалипса. Москва ја погоди такво снежно невреме што не може ни да се оди ни да се вози“, јави државната телевизија Первиј канал.

mkd.mk