Стружанката Елена Наскова си ја отвори душата. Вели откако минатата година година ми почина сопругот со двете малолетни деца поминуваме низ голгота. Таа раскажува дека откако се вратиле со невенчаниот сопруг од Америка, тој заболел од ковид и за кратко време починал, по што почнуваат недоразбирањата со негововото семество.
Според нејзиното раскажување неговите родители и сестра му го заклучиле станот кој си го купиле и за кој сеуште се плаќа кредит. Внатре останало се она што имале донесено од Америка гардероба, играчки…, како што вели: „Целиот наш заеднички живот“.
Во воментов се водат судски спорови за имотот. Наскова вели не оставија на улица со двете малолетни деца кои им се единствено нешто што им остана од синот.
„Децата мои не се играчка. Тие ми се најсвето нешто. Ќе се борам со сите мои сили, децата да не ги гледате затоа што не заслуживте. Лажете дека се е за децата и дека нема да барате ништо, излажавте, блефиравте, довербата тотално ја изгубивте“, вели Наскова.
извор: NEWS1.MK