Pizza Hut и американскиот јутјубер Ерик Декер, попознат како Airrack, ги здружија силите за да ја создадат најголемата пица во светот, а резултатот е јадење што зафаќа површина од 1.299 квадратни метри.
Pizza Hut is trying to top the previous world record with their massive pie in California – and it will give the slices away after it's completed. pic.twitter.com/lkA9WGYufa
— CBS News (@CBSNews) January 19, 2023
Американскиот ланец на ресторани и креаторот на видео содржини мораа да најдат доволно голем простор за да си помогнат да го соборат Гинисовиот рекорд за најголема пица, а за тоа им послужи Конгресниот центар во Лос Анџелес.
Така на 18 јануари тие претставија пица која се простира на 1.299,71 квадратни метри, а претставник на Гинисовата книга на рекорди потврди дека тоа е најголемата пица досега направена.
За да ја постигнат оваа задача, работниците од Pizza Hut најпрво го наслојуваа тестото, намачкаа сос од домати, а потоа ги додадоа додатоците. Кога сè беше наместено, беше испечено на парчиња, се вели во соопштението на синџирот ресторани.
Вкупно, 6.193 килограми тесто, 2.243 килограми сос за пица, повеќе од 3.991 килограм кашкавал и приближно 630.496 парчиња колбаси биле направени за да се направи оваа рекордна пица.
kajgana.mk