Швајцарски железнички оператор го собори светскиот рекорд за најдолг патнички воз досега, кога возот долг речиси два километри заврши патување од 25 километри на Алпите.
Возот долг 1,91 километар, управуван од швајцарската железница патувал од Преда до Филисур, минувајќи преку вијадукти и низ тунели во планините.
Рекордот за возот, кој може да сообраќа со брзина до 35 километри на час беше потврден од Гинисовата книга на рекорди. Возот се состоел од 100 патнички вагони на кои им биле потребни седум возачи и 21 техничар за да сообраќаат. Настанот ја одбележа 175-годишнината од швајцарските железници.
View this post on Instagram
TRT Balkan MK